септември 25, 2017

Каменуван штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на
ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Датум, време и место на инцидентот: 25 септември, 01:50 часот, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ
во Кисела Вода, Скопје.
Извор на информации: Телевизија Сител.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија

Статус на случајот: Нема одговор.
Одговор на локалните власти:До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
Кисела Вода, Скопје
Име на Локација
штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменуван штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност