Што се случило: Со камен бил искршен излог на штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Моша Пијаде“
во Кавадарци.
Датум, време и место на инцидентот: 28 септември, 01:00 часот, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ
во Кавадарци.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2.Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните денови,
кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПСМ.
Статус на случајот: Поднесена прекршочна пријава за Лажно пријавување на настан.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека е утврдено дека се работи
за лажно пријавување и против пријавителот е поднесена прекршочна пријава по член 16 од
Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – Лажно пријавување на настан.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.