Што се случило: Локалниот штаб на СДСМ во населбата Варош, Прилеп бил демолиран во раните
утрински часови. Според информациите од СДСМ Прилеп, кон штабот било фрлано со камења
при што биле искршени надворешните стакла на штабот.
Датум, време и место на инцидентот: 24 февруари, 02:00 часот, штаб на СДСМ во населба Варош,
Прилеп.
Извор на информации: Електронски медиуми Слободен печат, А1ОН.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија;
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходи инцидент од истиот ден, кога
беше демолиран штабот на СДСМ во с. Драчево
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека ваков настан не е евидентиран.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.