Што се случило: На 04.06.2019 година во 01.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола
Карев“, додека се движел автобус на ЈСП во правец кон Автокоманда, биле фрлени камења кон него, при
што било скршено едно прозорско стакло. Повредени лица нема. Во врска со настанот идентификувани се и
повикани во полициска станица пет малолетници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни
поднесоци.
Датум, време и место на инцидентот: На 04.04.2019 во 1.10 часот, бул „Никoла Карев“ кај Автокоманда во
Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, opserver.mk; emagazin.mk
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде циркулира мешано етничко население.
3. Начин – и претходно се регистрирани инциденти каде се каменувани автобуси што се движат во овој
реон од градот ( 65, 45, 55 и др.)
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.