Што се случило: На булеварот „Крсте Мисирков“, пред поликлиниката Бит Пазар, од страна на
околу десетина непознати лица со тврд предмет било оштетено стакло од автобус на Јавно
сообраќајно претпријатие (ЈСП), кој сообраќал на линија број 50.
Датум, време и место на инцидентот: 15 септември, околу 01:00 часот, булевар „Крсте Мисирков“,
пред поликлиника Бит Пазар.
Извор на информации: Електронски медиум Прес 24.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ)
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – автобусот транзитирал низ област населена
од луѓе со мешан етнички состав; улицата од која е каменуван автобусот се наоѓа во област
населена од луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Сторители: Група од 20 непознати машки лица лица.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: МВР во одговор на Барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати во врска со овој инцидент истакна дека настанот на 15 септември 2017
година во Единицата за известување и команда во СВР Скопје го пријавил возачот на автобусот,
Д.Т. тврдејќи дека истиот се случил околу 00:20 часот. Согласно неговиот исказ, врз автобусот
било извршено каменување од страна на 20 непознати машки лица со бекатон плочки и метални
шипки при што биле скршени две стакла и била оштетена внатрешноста на автобусот, Од страна
на Единицата за увид на местото на настанот било извршено фотографирање, а од страна на
правник на ЈСП бил доставен записник.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.