јули 28, 2016

Каменувани четири автомобили по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкендија и Млада Болеслав (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Непознати маскирани сторители каменувале четири автомобили во скопската
населба Ѓорче Петров, непосредно по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија”
и ФК „Млада Болеслав” од Чешка. Инцидентот се случил кога сторителите почнале да фрлаат разни
предмети, камења и бекатон плочки, врз четири автомобила. Како што информираа од полицијата
каменувани биле автомобил ауди, со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.М. (31) од
с.Нераште, автомобил фолксваген пасат, со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.М. (27) од
с. Пршовце, автомобил БМВ, со швајцарски национални ознаки, управуван од И.Н. (42) од с. Долно
Палчиште, и автомобил ауди 7, со германски национални ознаки, управуван од А. Т. (41) од Гостивар.

Датум, време и место на инцидентот: 28 јули, околу 22:00 часот, ул. „Ѓорче Петров”, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум МКД.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена од
луѓе со мешан етнички состав, веднаш по завршување на фудбалски натпревар во кој учествувал
фудбалски клуб чии навивачи е можно да имаат различно етничко потекло од лицата кои живеат
во областа каде се случил инцидентот;
2. Време – инцидентот се случил непосредно по фудбалски натпревар во кој учествувал клуб чии
навивачи е можно имаат различно етничко потекло од лицата кои живеат во областа каде се
случил инцидентот.

Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека веднаш по пријавувањето
на настанот, полициски службеници од ПС ОН „Ѓорче Петров“ излегле на местото на настанот и
извршиле разговор со пријавителот, при што истиот изјавил дека не сака да поднесе пријава и се
откажува од понатамошна постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
безбедноста на луѓето присутни на или во близина на спортски натпревари.

Адреса
ул. „Ѓорче Петров”, Скопје
Име на Локација
ул. „Ѓорче Петров”, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменувани четири автомобили по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкендија и Млада Болеслав (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност