Што се случило: На 29.09.2018 година во 13.30 часот во Полициска станица Центар И.Е.(44) од Скопје
пријавил дека околу 00,15 часот во кафе бар во Скопје додека бил со негов пријател му се прибилижил
Ј.Л.(33) од Скопје со кој се познаваат од претходно и му упатил вербални закани во врска со гласањето
на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во
безсознание. Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен
соодветен поднесок.
Датум, време и место на инцидентот: 29.09.2018 година, во 00,15 часот, во кафе бар во Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР
Инволвирани жртви: едно машко лице
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: Ј.Л. од Скопје
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичката припадност на жртвата и строителот, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: Расчистен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, случајот е заведен како прекршок
по член 12 од ЗППЈ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба и политичката стабилност во земјата.