Што се случило: На 20.04.2019 година во 16.35 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека
спроти основното училиште „Јосип Броз Тито“ на ул. „Димче Ковачески“ во Струга, на ѕид од помошен објект
на детска градинка имало испишан графит во врска со претседателските избори. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 20.04.2019 година, детска градинка Струга
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: нема идентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – образовен објект, гласачко место
2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Доставено известување до ОЈО Струга.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.