октомври 2, 2017

Искршен штаб на СДСМ во с. Инџиково (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во с. Инџиково, скопско, непознат сторител го скршил стаклото од влезната
врата и стаклото од излогот од штабот на политичката партија „СДСМ“.

Датум, време и место на инцидентот: 02 октомври, 01:00 часот, партиски штаб на политичката
партија СДСМ во с. Инџиково, скопско.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ и БЕСА.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во неговиот одговор кон Барањето за информации од јавен
карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, МВР наведува дека бил земен записник
за примање на пријава и службена белешка, а од страна на Единицата за увид на местото на
настанот било извршено фотографирање.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
с. Инџиково ,Скопско
Име на Локација
штаб на СДСМ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршен штаб на СДСМ во с. Инџиково (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност