септември 26, 2017

Искршен штаб на СДСМ во Бутел (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Искршен бил предизборниот штаб на СДСМ на ул. „Бутелска“ во општината
Бутел. Штабот бил во функција на предизборната кампања на кандидатот за градоначалник во
општина Бутел, Велимир Смилевски и на советничката листа од оваа коалиција.

Датум, време и место на инцидентот: 26-27 септември, 01:00 часот, партиски штаб на СДСМ во
Бутел, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на
повеќе локации, односно во повеќе општини на подрачјето на градот Скопје.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Од добиениот одговор од МВР на Барањето за информации од
јавен карактер испратено од страна на МХК го испрати во врска со овој инцидент, произлегува
дека по пријавувањето на овој инцидент од страна на Единицата за увид на местото на настанот
било извршено фотографирање од страна на полициски службеници од ПС од ОН „Чаир“ и во
неколку наврати било побарано од одговорните лица во штабот да поднесат записник, но тие
истиот не го доставиле до моментот на испраќање на одговорот од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.

Адреса
Бутел, Скопје
Име на Локација
штаб на СДСМ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршен штаб на СДСМ во Бутел (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност