Што се случило: Од страна на непознати лица било извршено оштетување на партиски штаб на
политичката партија „БЕСА“ на ул.„Тале Христов“, во Трговскиот центар „Скопје Север“ при што
со тврд предмет биле скршени две стакла од излозите и искинати шест плакати.
Датум, време и место на инцидентот: 01 октомври, 01:00 часот, партиски штаб на политичката
партија БЕСА во Бутел, Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2.Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните денови,
кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПСМ.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Со одговорот добиен од МВР по однос на Барањето за информации
од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, од страна на пријавителот била
доставена писмена пријава за кривично-правниот настан.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.