септември 24, 2018

Искршен штабот на СДСМ во Куманово

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Денеска (24.09) околу 10.40 часот во Полициската станица Куманово билo пријавенo
оштетувањe на штаб на политичката партија СДСМ во Куманово на улица „Тоде Мендол“ при што биле
искршени три прозори на објектот.

Датум, време и место на инцидентот: 24.09.2018 година околу 10,40 часот на улица „Тоде Мендол“ штаб
на СДСМ, во Куманово
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сторители: еден идентификуван
сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти кога беа демолирани
партиските штабови на СДСМ

Статус на случајот: Расчистен.
Одговор на локалните власти: Настанот е расчистен при што е констатирано дека сторител е Д.С.
Делото се гони по приватна тужба.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка состојба во земјата.

Адреса
Тоде Мендол, Куманово, Северна Македонија
Име на Локација
Седиште на СДСМ во Куманово

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Напад со студено оружје
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршен штабот на СДСМ во Куманово image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност