септември 15, 2018

Искршен штабот на СДСМ во Кичево

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 18.07.2018 година околу 19,30 часот било пријавено дека во Кичево, Г.П.(43) од Кичево
ги искршил стаклата од штабот на политичката партија „СДСМ“ лоциран на улицата „Маршал Тито“. Лицето
било приведено во Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 18.07.2018 година околу 19,30 часот на улица “Маршал Тито“ штаб
на СДСМ, во Кичево
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Сторители: повеќе непознати
сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: : Во овој инцидент пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти кога беа демолирани
партиските штабови на СДСМ

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. ( Одговор
од МВР добивме во Јануари 2019, евидентиран е сторителот, упатени да поднесат приватна тужба)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
политичка состојба во земјата.

Адреса
Кичево, Северна Македонија
Име на Локација
улица “Маршал Тито“ штаб на СДСМ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Поврзаност со друг инцидент
Кичево, Северна Македонија
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршен штабот на СДСМ во Кичево image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност