октомври 7, 2017

Искршен штабот на „Обединети за Македонија“ (ОМ) во Драчево (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознат сторител со камен го оштетил стаклото на штабот на политичката
партија ОМ на ул. „Живко Фирфов“ во населба Драчево.

Датум, време и место на инцидентот: 07 октомври, 23:00 часот, партиски штаб на политичката
партија ОМ во Драчево.
Извор на информации: ТВ Нова.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ, БЕСА и ДУИ.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: МВР одговори на Барањето на МХК за информации од јавен
карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, при што во неговиот одговор беше
наведено само дека бил земен записник за примање на пријавата и службена белешка, додека од
Единицата за известување и команда при СВР Скопје до која бил пријавен настанот на местото на
настанот било извршено фотографирање.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
ул. „Живко Фирфов“ во населба Драчево
Име на Локација
партиски штаб на „Обединети за Македонија“ (ОМ)

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршен штабот на „Обединети за Македонија“ (ОМ) во Драчево (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност