Што се случило: На улица „Илинденска“ во Кавадарци непознат сторител го искршил стаклото на
објектот кој го користи коалицијата предводена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Датум, време и место на инцидентот: 13 октомври, 00:30 часот, партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ
во Кавадарци.
Извор на информации: Електронски медиум Вести.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,
ДПСМ, БЕСА, ДУИ и ГРОМ.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека не е поднесен службен
материјал до ОЈО Кавадарци бидејќи сè уште не е утврден идентитетот на сторителот на
пријавениот настан.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.