Што се случило: Во доцните вечерни часови биле искршени стаклата на кафулето „Излет“, во
кое се одржуваа настани за собирање донации за плаќање на прекршочните пријави за фрлање
балони полни со боја од страна на демонстрантите од „Шарената револуција“.
Датум, време и место на инцидентот: 28 февруари, околу 04:00 часот, кафуле „Излет“, Скопје
Извор на информации: Дневен весник Фокус.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е кафулето познато по одржување на настани за собирање
донации за плаќање на прекршочните пријави за фрлање балони полни со боја на демонстрантите
од Шарената револуција.
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од претходните
денови, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во повеќе градови во земјата.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба согласно чл.243 од КЗ и се уште се
преземаат мерки и активности за расветлување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.