Што се случило: На 06.05.2019 година во 01.30 часот во СВР Скопје В.А.(29) од с.Волково, скопско, пријавил
дека истиот ден околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија во с.Волково А.Л.(27) од с.Волково почнал
да удира по неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, при што скршил едно стакло.
Полициски службеници излегле на местото , по што А.Л. и Д.Л. (59) почнале агресивно да се однесуваат и
кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат
поднесени соодветни поднесоци.
Датум, време и место на инцидентот: 06.05.2019 година околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија
с. Волково
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: двајца (2) идентификувани сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – политички/општински објект
2. Модел на претходни инциденти – Пред секои изброи се регистрираат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесени записници за констатирани прекршоци по ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.