јануари 25, 2019

Искршени стаклени врати на ЕУ Инфо Центарот во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 25.01.2019 година во 04.20 часот СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кирил
и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на
објектот во кој што е сместен Инфо центарот на Европска Унија. Тој бил приведен во Полициската станица
Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Датум, време и место на инцидентот: 25.01.2019 година во 04.20 часот, ЕУ Инфо Центарот на булевар „Кирил
и Методиј“.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: еден (1) идентификуван сторител Д.А. (22).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е националност/
државјанство, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е ЕУ Инфо Центарот во Скопје
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти насочени против ЕУ.

Статус на случајот: Поднесена соодветна пријава против сторителот Д.А.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна пријава против сторителот Д.А.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата политичка
и безбедносна состојба во земјата.

Адреса
булевар „Кирил и Методиј“,
Име на Локација
ЕУ Инфо Центар

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршени стаклени врати на ЕУ Инфо Центарот во Скопје image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност