март 3, 2017

Искршени стакла на штаб на СДСМ (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Од страна на непознати лица биле искршени стаклата од штабот на политичката
партија СДСМ, на улицата „Јужноморавски бригади“ во населбата Ченто.

Датум, време и место на инцидентот: 3 март, околу 03:00 часот, партиски штаб на СДСМ во нас.
Ченто, Скопје
Извор на информации: Електронски медиум Бизнис вести.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од претходниот
месец, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во Прилеп, во Битола и во повеќе населби
во Скопје;

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека се работи за кривично дело
„Оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба согласно чл.243 од КЗ и се уште сè
преземаат мерки и активности за расветлување на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
„Јужноморавски бригади“ во населбата Ченто.
Име на Локација
штаб на СДСМ

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Искршени стакла на штаб на СДСМ (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност