август 28, 2017

Искршени прозорци на штаб на СДСМ во Штип

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На ул. „Сремски Фронт“ во Штип, од страна на непознат сторител бил искршени стаклата на излогот од канцеларијата на политичката партија СДСМ. Според информациите пренесени во медиумите, СВР Штип презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 28 јули, 10:20 часот, партиски штаб на СДСМ во Штип.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас; ТВ Стар.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е партиски штаб на СДСМ
2. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходат инциденти од претходните месеци, кога беа оштетени партиските штабови на СДСМ во повеќе градови во земјата;
Статус на случајот: Нема одговор од МВР.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на Барањето за информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.

Адреса
Sremski Front, Shtip, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Фотографии

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Сексуална ориентација