Што се случило: Непознати лица со камења ги искршиле надворешните стакла на штабот на
СДСМ лоциран на ул. „Јустинијан први“ во село Драчево.
Датум, време и место на инцидентот: 24 февруари, околу 01:10 часот, партиски штаб на СДСМ
во с. Драчево.
Извор на информации: Електронски медиум Мета.мк; ТВ Тера.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во неговиот одговор на Барањето за информации од јавен
карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, МВР наведе дека по однос на овој настан
бил земен записник за примање на пријава и службена белешка, а од страна на Единицата за увид
на местото на настанот била извршена крим-техничка обработка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.