Што се случило: Веднаш по протестот на ГДОМ во Битола, поголема група битолчани се упатиле
пред куќата на еден од водачите на „Битолското движење“, граѓанскиот активист Илија Балтовски.
Според очевидци групата извикувала погрдни зборови и пцовки за Балтовски, викале „Уа!“ и
свиреле. Во тоа време дома било неговото семејство кое се вознемирило, додека пак Балтовски
не бил дома.
Датум, време и место на инцидентот: 10 мај, околу 23:45 часот, пред куќата на граѓанскиот
активист Илија Балтовски, населба Недопирливи, Битола.
Извор на информации: Електронски медиум Сакам да кажам.
Инволвирани жртви: Во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Прекршок против јавниот ред и мир.
Сторители: Поголема група битолчани.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е куќата на граѓански активист и водач на т.н. Битолско
движење, познат во јавноста по учество во демонстрациите за оставка на градоначалникот на
Битола и повлекување на аболицијата на претседателот, како и во групата која организира герила
акции во Битола
2. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за медиумите, жртвата гледа на инцидентот како
пристрасно мотивиран;
3. Време – инцидентот се случил непосредно по протестот на ГДОМ во Битола;
Статус на случајот: Затворен; не се констатирани прекршоци или кривични дела.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Ко митетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека за време на протестот не
се констатирани прекршоци или кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.