Што се случило: На 9 април 2023 година во СВР Тетово било пријавено дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот бил прекинат.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – сторителите и жртвите се од различна етничка заедница
- Локација – настанот се случил на фудбалски натпревар
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.