Што се случило: на 3 ноември, во периодот од 12 до 16 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот
меѓу фудбалскиот клуб „Тетекс“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Трим лум“ од Струга, како и за време
на натпреварот, петмината пријавени тетовци, заедно со двајцата пријавени скопјани, извикувале
навредливи пароли.
На 23.11.2018 година полицијата поднесе кривични пријави против 14 лица, меѓу кои и еден малолетник
за насилствата предизвикани на 02.11 од навивачките групи Војводи и Балисти.
Датум, време и место на инцидентот: 03.11.2018 година оо 12 до 16 часот Тетово
Извор на информации: Електронски медиуми: макфакс.ком.мк, фокус.ком.мк и гол.мк
Инволвирани жртви: нема, само материјална штета
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: 7 идентификувани сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвата била од македонска етничка
припадност, а напаѓачите биле од албанска етничка заедница и членови на навивачка група на
Балисти.
2. Локацијата – инцидентот се случил во центарот на Тетово после натпревар.
Статус на случајот: поднесени кривични пријави против 7 сторители
Одговор на локалните власти: До затворањето на овој извештај од МВР немаме добиено одговор на
барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има индикатори со кои ќе се потврди дело
од омраза. Информациите за поднесени кривични пријави ги имаме добиено од медиумите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.