Што се случило: На 16.08.2020 година околу 21.00 часот во ОВР Струга бил приведен Ѓ.Д.(21) од Битола, поради спречување и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Тој, пред почеток на спортски натпревар на „Женска плажа“ во Струга, движејќи се со поголема група навивачи од Битола, физички нападнал навивач од Струга, а потоа и полициски службеник кој презел службени мерки за спречување на нападот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Модел на претходни инциденти – пресметки помеѓу навивачки групи.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.