април 15, 2014

Инцидент во Лисиче во текот на посетата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: СДСМ (најголемата опозициска партија) изјави дека во текот на средба со
локалната заедница во Лисиче, Скопје, нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски
бил вербално нападнат и имало обид за физички напад врз него. Полицијата изјавила дека
инцидентот бил тепачка помеѓу четири членови на СДСМ и двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го осуди насилството.

Датум, време и место на инцидентот: 15 април, Лисиче, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот медиум „24Вести“.
Вклучена(и) жртва(и): Четири членови на опозициската партија (физички нападнати);
Претседателскиот кандидат на опозициската партија (вербално нападнат).
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста Чл.144, Телесна повреда Чл.130 КЗРМ.
Сторител(и): Двајца членови на владејачката партија. Политичката партија го осуди насилството.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, а индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепцијата на жртвата – Од изјавите дадени за медиумите, може лесно да се заклучи дека
жртвите – претставниците на СДСМ, сметаат дека инцидентот е предизвикан од пристрасност.
2. Место и време – инцидентот се случил во текот на политички митинг на таргетираната група.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека против вклучените лица
се покренати прекршочни пријави, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и
мир. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните заедници во општеството.

Адреса
Лисиче, Скопје
Име на Локација
Лисиче, Скопје

Број на жртви
4
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Инцидент во Лисиче во текот на посетата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност