март 18, 2019

Инцидент во близина на железничката станица во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 18.03.2019 во 10.30 часот во СВР Скопје А.Т.(20) од Скопје, пријавил дека на 17.03.2019
година околу 20.00 часот на улица „Анастас Митрев“ физички бил нападнат од неколку лица. Се преземаат
мерки за целосно расчистување на случајот. (иста локација многу често се повторува, блиску до транспортен
центар)
Датум, време и место на инцидентот: 17.03.2019 година околу 20.00 часот ул. „Анастас Митрев“ во близина
на железничка станица Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – на оваа локација многу често се случуваат ваков вид на инциденти.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Единицата за насилен криминал до ОЈО Скопје поднесено
е писмено известување во врска со кривично дело „Насилство“ од чл. 386 од КЗ. Се преземаат мерки и
активности за расветлување на кривично правниот настан и по целосно документирање на истиот ќе биде
поднесен соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Anastas Mitrev, Skopje 1000, North Macedonia
Име на Локација
Anastas Mitrev, Skopje 1000, North Macedonia

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
Инцидент во близина на железничката станица во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Етничка припадност