Што се случило: На 01.02.2018 година околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда
Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“
имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број
65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла
од вториот кат на автобусот. Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од с.Стајковци,
скопско. Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете
групи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: На 01.02.2018 година околу 19.35 часот, на ул. „Алија Авдовиќ“
с. Синѓелиќ, автобус бр. 65-б, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: еден малолетник повреден (16).
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ), Телесна повреда (член 130 од КЗ на РСМ)
Сторители: 20 сторители од двете групи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во нападнатиот автобус бр. 65 на ЈСП сообраќа во реон
каде живеат и се движат луѓе од различно етничко потекло (македонци и албанци), двете групи
малолетници кои се тепале биле од различно етничко потекло(македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – како и сите претходни каменувања и напади на автобуси или
напади во автобуси на јавен превоз
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, известуваат дека работат на
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).