ноември 5, 2019

Малолетник физички нападнат од други малолетници во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 05.11.2019 во 20.15 часот во СВР Скопје, И.А. (36) од Скопје пријавил дека околу 19.45
часот на бул. „Кузман Јосифовски Питу’’ во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку
малолетни лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 05.11.2019, 19.45 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе непознати малолетни сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во училиште каде што учи мешано етничко население.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
Бул Кузман Јосифовски Питу, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Бул Кузман Јосифовски Питу, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник физички нападнат од други малолетници во Скопје image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност