Што се случило: На Денот на албанското знаме дошло до тепачка што кулминирала со избодување
помеѓу млади луѓе во близината на скопското средно училиште „Цветан Димов“. Повредените млади биле Албанци и по инцидентот биле пренесени во Градската болница во Скопје нс
медицински третман.
Датум, време и место на инцидентот: 28 ноември, 15:30 часот, во близина на скопското средно
училиште „Цветан Димов“, општина Чаир.
Извор на информацијата: Националниот весник „Нова Македонија“.
Вклучена(и) жртва(и): Двајца Албанци (18 и 26-годишна возраст).
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Тешка телесна повреда (Чл.131), Учество во тепачка
(Чл.132), Загрозување на сигурноста (Чл.144), Загрозување со опасно орудие при тепачка или
караница (Чл.133).
Сторител(и): Група млади со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
2. Време – инцидентот се случил на Денот на албанското знаме.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесен Извештај за примање
кривична пријава против непознат сторител за кривично дело Тешка телесна повреда.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.