Што се случило: На 17.12.2018 година во 11,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било
пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. (17), А.Б. (16) и уште едно
лице со употреба на нож бил нападнат С.Р.(18) од Скопје, , а потоа физички нападнале уште тројца
ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот. С.Р. бил пренесен во
Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 17.12.2018 година, во ДСУ Арсениј Јовков во Чаир, Скопје.
Извор на информации: Билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 4 малолетници (17-18 год.).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: три лица (двајца малолетници 16-17 години и едно помладо лице 18 год.).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил во средно училиште
кое се наоѓа во Чаир (мешана етничка среднина) пристрасниот мотив е етничко потекло а пристрасните
индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – нападнатиот малолетник и малолетниците напаѓачи се од
различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – судир и конфликт помеѓу ученици од различно етничко потекло
особено во главниот град се случува многу често. Ваквите судири најчесто се случуваат помеѓу
деца од македонско и албанско етничко потекло, додека другите заедници поретко или никогаш не
се инволвирани во вакви инциденти.
3. Место – Инцидентот се случил во средно училиште и во населено место каде живее мешано
етничко население и учат ученици од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затворање на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).