Што се случило: На 05.11.2018 година во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската
општа болница „Св. Наум Охридски“ со убодни рани биле донесени М.Р.(18) од Скопје и З. И. (18) од
Скопје. Според пријавата, тие биле нападнати од неколку лица на улица „Џон Кенеди“. СВР Скопје
презема мерки и активности за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 05.11.2018 година на улица „Џон Кенеди“-Чаир
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: 2 жртви на 18 годишна возраст.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на млади лица во овој дел од градот се регистрирани и
претходно
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен
на министерството, односно дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.