Што се случило: Во текот на ноќта, во населбата Ѓорче Петров, непознати сторители потпалиле
билборд на кој имало рекламен материјал на политичката партија БЕСА. Според Орхан Муртезани,
портпарол на партијата, овој инцидент е предизвикан од „непријател на Албанците“.
Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, во ноќните часови, нас.Ѓорче Петров, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетен објект – на билбордот бил поставен материјал од политичката партија БЕСА
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека наведениот настан не е
пријавен во полициска станица од општа надлежност на подрачјето на град Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата., како и етничкиот соживот помеѓу двете најголеми заедници во земјата.