март 15, 2018

Запален автомобилот на пратеничката Шуманска

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознати сторители откако го скршиле стаклото на возилото Сеат Леон на пратеничката
на СДСМ Шуманска во Виница, го запалиле истото, при што причиниле материјална штета. Полицијата
и ОЈО излегле на лице место, по што подигнати се предмети и траги за вештачење. МВР презема мерки
и активности за целосно расчистување на случјаот.

Датум, време и место на инцидентот: 15 март, 01:30 часот, во Виница.
Извор на информации: електронски медиуми: сдк.мк
Инволвирани жртви: пратеничката Шуманска
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на општа
опасност (Член 288, КЗ на РСМ).
Сторители: непознат сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е политичка
припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека е известен ОЈО и
се работи на расчистување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата.

Адреса
Виница, Северна Македонија
Име на Локација
Виница, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Запален автомобилот на пратеничката Шуманска image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност