јануари 18, 2019

Закани за пратеници преку Facebook

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Што се случило: Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни
работи во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје презеде мерки и активности поради споделена
објава на социјалната мрежа Facebookод страна на И.Ј. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на
сигурноста на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и поради ширење на расистички
и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено
кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен
материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Датум, време и место на инцидентот: точно неопределен датум и време, преку социјална мрежа Фејсбук, МВР
поднело пријава на 18.01.2019
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: неопределени
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 ст 4, КЗ на РСМ) Ширење расистички и ксенофобичен
материјал по пат на компјутерски систем (Член 394-г КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) идентификуван сторител ( И.Ј. 49).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на омраза и повикување на насилство преку
социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава. Делото е квалификувано како кривично дело од омраза.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна кривична пријава за наведеното кривично дело (чл.144
Загрозување на сигурност и член 394-г Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски
систем)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба и политичката стабилност во земјата.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Закани за пратеници преку Facebook image

Кривични дела

Против јавниот ред
criminal_offences_06_against_the_public_order_2: Spreading racist and xenophobic material via information system

Основа

Политичка припадност