Што се случило: Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Куманово презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на А.Б. (36) од Куманово, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
По наредба на Основното јавно обвинителство- Куманово А.Б. на 15.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.
Датум, време и место на инцидентот: точно неопределн датум и време, преку социјална мрежа Фејсбук, МВР поднело пријава на 15.01.2019
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: неопределени
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 ст 4, КЗ на РМ) Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член 394-г КЗ на РМ)
Сторители: еден идентификуван сторител ( А.Б. 36).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
7. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.
1. Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна кривична пријава за наведеното кривично дело (чл.144 Загрозување на сигурност и член 394-г Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба и политичката стабилност во земјата.