октомври 30, 2020

Закана по животот на геј маж заради неговата сексуална определба

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: Откако на Фејсбук примил сериозни закани по неговиот живот поради тоа што е припадник на ЛГБТИ заедницата и затоа што во коментари ги бранел правата и слободите на припадниците на оваа заедница, на 30 октомври, лицето Д.П. се обрати до Хелсиншкиот комитет за човекови права со барање за бесплатна правна помош. Од содржината на заканите кои ги добил, се согледува дека заканувачот во минатото, не само вербално, туку и физички напаѓал и малтретирал членови на маргинализирани заедници.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е сексуалната определба, а пристрасните индикатори се:

  1. Сексуална определба – присуството на ЛГБТИ заедницата во јавниот и онлајн простор е мета на насилство и групата е често подложна на закани
  2. Модел на претходни инциденти – присуство на говор на омраза и претходни напади кон лица од ЛГБТИ заедницата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, кохезијата помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста и здравјето на ЛГБТИ луѓето.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Закана по животот на геј маж заради неговата сексуална определба image