ноември 30, 2016

Загрозување на сигурноста во штаб на СДСМ во Кочани (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознати лица насилно влегле во изборниот штаб на ОО на СДСМ лоциран во
„Шопинг центар“ – Кочани, каде биле присутни четири членови, и им се заканувале со физичка
сила. Притоа, едно од лицата го отстранило изборниот плакатен материјал, кој бил поставен на
излогот од штабот, го фрлил во картонска кутија и си заминал. Во дневниот билтен на МВР се
наведува дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на
настанот.

Датум, време и место на инцидентот: 30 ноември, 18:55 часот, изборен штаб на ОО на СДСМ
лоциран во „Шопинг центар“ – Кочани
Извор на информации: Дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: Четири лица.
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144, КЗ)
Сторители: Група од непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на најголемата опозициска партија;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по пријавувањето
на настанот и по овластување на јавен обвинител од страна на увидна екипа од Надворешната
Канцеларија за Крим работа Кочани бил извршен увид. Извршен бил разговор со сведок на
настанот, за преземените мерки бил запознаен и Основниот јавен обвинител во Кочани, од чија
страна било констатирано дека постојат елементи на кривично дело по чл.392 ст.1 од КЗ односно
самовластие кое се гони по приватна тужба. Настанот бил пријавен и до ОЈО Кочани, при што од
страна на ЈО била издадена наредба за преземање мерки по пријавениот настан. По постапување
по наредбата целокупниот материјал во врска со настанот бил доставен до ОЈО.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
„Шопинг центар“ - Кочани
Име на Локација
изборен штаб на ОО на СДСМ

Број на жртви
4
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Загрозување на сигурноста во штаб на СДСМ во Кочани (непотврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност