Што се случило: Во текот на вечерта, непознати сторители го искинале државното знаме и ги
замениле плакатите на претседателскиот кандидат на СДСМ со плакати на кандидатот на ВМРО-
ДПМНЕ.
Датум, време и место на инцидентот: 8 април, Македонска Каменица.
Извор на информацијата: Локалниот медиум „Телевизија Стар“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политичко убедување, а индикаторите на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – Врз основа на изјавите дадени за медиумите, јасно е дека жртвите
сметаат дека инцидентот е мотивиран од пристраност.
2. Писмени искази оставени на местото на настанот – Сторителите ги замениле плакатите на
кандидатот од партијата на мета со плакати на дриг кандидат.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат(и).
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите, полицијата изјави дека ќе се преземат сите
неопходни мерки, но до моментот на пишувањето на овој извештај, Полицијата нема одговорено
на Барањето за информации од јавен карактер што беше пратено од Комитетот во врска со овој
инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.