Што се случило: Во близината на плоштадот „Скендербег“, во текот на одбележувањето на Денот
на албанското знаме, 20-годишен Албанец бил избоден неколку пати со остар предмет.
Датум, време и место на инцидентот: 28 ноември, неодредено време, во близина на плоштадот
„Скендербег“, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот веник „Нова Македонија“.
Вклучена(и) жртва(и):. Еден 20-годишен Албанец.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Тешка телесна повреда (Чл.131), Загрозување со
опасно орудие при тепачка или караница (Чл.133).
Сторител(и): Непознато.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
2. Време – инцидентот се случил на Денот на албанското знаме.
3. Шема на претходни инциденти – ова е третото избодување што се случило на Денот на албанското
знаме помеѓу млади лица.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека ги преземаат потребните мерки за
целосно разјаснување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.