ноември 20, 2014

Еден ученик бил избоден, тројца други повредени во меѓуетничка тепачка во Тетово (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Избила тепачка во тетовското средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ кога група
млади Албанци влегла во просториите на училиштето каде се држат часови само на македонски
јазик. Кога групата влегла во просториите, службата за обезбедување на училиштето не ги
спречила, и наскоро потоа избувнала расправија помеѓу групата Албанци и неколку ученици од
училиштето. Расправијата преминала во тепачка, каде петнаесет-годишен Албанец од Тетово
прободел шеснаесет-годишен средношколец со македонско етничко потекло од тетовското
средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Повредени биле уште тројца други. Останатите часови
биле откажани, а полицијата ги испратила учениците од средното училиште до нивните домови.

Датум, време и место на инцидентот: 28 ноември, 15:30 часот, средно училиште „Кирил
Пејчиновиќ“ во Тетово.
Извор на информацијата: Националната телевизија „Телма“, националниот електронски медиум
Press24.mk. (пресс.24.мк)
Вклучена(и) жртва(и): Еден 16-годишен средношколец – Македонец, тројца други млади со
неоредено етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386), Тешка телесна повреда (Чл.131), Учество во тепачка
(Чл.132), Загрозување на сигурноста (Чл.144), Загрозување со опасно орудие при тепачка или
караница (Чл.133).
Сторител(и): Група на млади Албанци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Разлика помеѓу сторител и жртва според етничка основа.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Време – инцидентот се случул на Денот на албанското знаме.

Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање
за информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесеа Кривична пријава
против едно 15 годишно лице за кривично дело Обид за убиство, како и две кривични пријави
против 15 годишни лица за дело Соучесништво.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Име на Локација
средно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Број на жртви
4
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Еден ученик бил избоден, тројца други повредени во меѓуетничка тепачка во Тетово (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда Тешка телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност