На 26.08.2018 година во 01.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.А.М.(23) од Германија пријавил
дека истиот ден околу 00.15 часот на булевар „Крсте Мисирков“, тој и неговиот пријател Г.С.(33) од
Турција физички биле нападнати од непознати лица. Се преземаат мерки за пронаѓање на сторителите
и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 26.08.2018 година во 01,20 часот, на булевар „Крсте Мисирков“,
Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: двајца странски државјани.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: поголема група непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничка
припадност, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
2. Разлика во етничкото потекло и државјанство – жртвите се странски државјани од турско етничко
потекло
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, известуваат дека се преземаат
мерки за расчистување на случајот
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).