Што се случило: Непознати сторители ја демолирале подрачната канцеларија на ДУИ во селото
Канатларци, прилепско.
Датум, време и место на инцидентот: 21 април, Канатларци, Прилеп.
Извор на информацијата: Националниот медиум „АлсатМ“ (албански).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, а индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Локацијата – на мета е место од политичко значење за целната група.
2. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“то за информации од јавен
карактер пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека преземени
се неопходните мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело
резултирало со помала материјална штета, па следствено потребна е приватна тужба за да се
покрене судска постапка.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.