Што се случило: По масовен протест во Крива Паланка наречен „Против исламизација на Кри-
ва Па ланка“, пред исламски верски објект група непознати сторители демолирала објект
испишувајќи графити со христијански пораки на местото на настанот.
Датум, време и место на инцидентот: 6 ноември, време непознато, во Крива Паланка.
Извор на информации: Електронски медиум фактор мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: „Оштетување туѓи предмети“ (член 243, КЗ на РМ), „Предизвикување наци-
онална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ (член 319, КЗ на РМ).
Сторители: Група непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
верска припадностили убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во верската припадност – верската припадност на сторителите и жртвите се разликуваат;
целта е исламски верски објект, а сторителите се христијани;
2. Графити оставени на местото на настанот – сторителите оставиле графити со христијанска
содржина на местото на настанот;
3. Модел на претходни инциденти – инцидентот се случил по масовен антиисламски протест;
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Сепак, тие известија преку медиумите дека преземаат неопходни мерки за расветлување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различни верски заедници во земјата.