декември 24, 2014

Демолирана подрачната канцеларија на ДУИ во Чаир (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознати сторители ја демолирале подрачната канцеларија на ДУИ во скопската
општина Чаир.

Датум, време и место на инцидентот: 24 декември, општина Чаир, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „курир.мк“ (албанското издание).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е политичката припадност или политичкото убедување, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Локацијата – метата е место што има политичко значење за целната група.
2. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: До моментот на пишувањето на овој извештај Полицијата не
одговорила на Барањето за информација од јавен карактер што беше испратено од Комитетот во
врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните групи во општеството.

Адреса
општина Чаир
Име на Локација
подрачна канцеларија на ДУИ

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Демолирана подрачната канцеларија на ДУИ во Чаир (неверифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност