Што се случило: 25-годишно момче нападнало 19-годишно девојче во јавен градски автобус,
линија бр. 62 во Скопје.
Датум, време и место на инцидентот: 14 февруари, во 12:00 во јавен градски автобус, линија бр.
62, додека се возеле по бул. Кузман Јосифовски – Питу во Скопје.
Извор на информацијата:. Националниот печатен медиум Нова Македонија.
Вклучена(и) жртва(и): Една деветнаесетгодишна жена со непознатно етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Насилство Чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ.
Сторител(и): Дваесет и петгодишен маж со непознатно етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите на пристрасност се:
1. Препоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Поради мешаниот
етнички состав на населението во селото Огњанци (селото до кое води автобуската линија бр. 62),
ентичкото потекло на жртвата може да се разликува од она на сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите, надлежните изјавија дека преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.