Што се случило: Деветнаесетгодишно момче било прободено со остар предмет во градниот
кош и слабината, слегувајќи од автобус бр.19 на автобуската постојка кај комплекс Треска во
Скопје. Момчето заедно со уште двајца другари слегло од автобусот, по што од истиот автобус
излегле уште четири непознати лица и без повод и причина го избоделе момчето во градниот кош
и слабината. Во Ургентниот центар на момчето му биле констатирани тешки телесни повреди
(пробиена белодробна марамица).
Датум, време и место на инцидентот: 1 февруари, околу 21 часот, автобуска постојка кај комплекс
Треска во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс
Инволвирани жртви: Едно деветнаесетгодишно лице.
Вид на злосторства: Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ), Насилство (Член 386, КЗ), Учество во
тепачка (Член 132, КЗ)
Сторители: Група од 4 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – непосредно пред инцидентот, сторителите и
жртвата се возеле во автобус бр.19 кој транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички
состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје е доставено писмено известување од 04.02.2016 година до Основното Јавно Обвинителство
Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.