Што се случило: Во касните вечерни часови две момчиња без причина биле нападнати од група
од шест мажи.
Датум, време и место на инцидентот: 20 февруари 02:00 часот на улица Антон Димитров во
Драчево, Скопје.
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум „мкд.мк“ (mkd.mk)
Вклучена(и) жртва(и): Две момчиња (19 и 17) од непознато етничко потекло биле нападнати и им
биле нанесени видливи телесни повреди во пределот на лицето и главата.
Вид на кривично дело(а): Насилство чл. 386 КЗРМ, Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ.
Сторител(и): Група на шест мажи со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – поради мешаниот
етнички состав на населението во Дражево, етничката припадност на жртвата можно е да се
разликува од онаа на сторителот.
2. Природа на насилството – инцидентот бил извршен во јавност
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти: Откако Комитетот прати „Барање за јавни информации“,
Полицијата одговори дека го расчистиле случајот, но не прецизираше ништо во врска со можниот
мотив. Исто така, поднесени се прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир се
поднесени против сторителите.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците, од една страна, и
Албанците од друга, како две најголеми етнички заедници во општеството.