ноември 12, 2017

Две момчиња нападнати на автобуска станица (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На автобуска постојка на ул. „Босна и Херцеговина“ едно деветнаесетгодишно
лице од Скопје било физички нападнато од страна на повеќе непознати лица. Тие го удриле со
камен во пределот на лицето со што се здобил со видлива повреда.

Датум, време и место на инцидентот: 12 ноември, 00:00 часот, автобуска постојка на ул. „Босна
и Херцеговина“.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од 4-5 непознати лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил на автобуска постојка
во област населена со луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Под истрага/ Се очекува поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во неговиот одговор кон Барањето за информации од јавен
карактер кое МВР го испрати до МХК во врска со овој инцидент се прецизира дека лицето
било нападнато околу 21:00 часот од страна на 4-5 непознати лица, кои од непозната страна
го погодиле со камен во пределот на лицето. Во врска со овој настан, бил земен записник за
примање на пријава и биле поднесени две службени белешки, а СВР Скопје презема мерки и
активности за расветлување на нарушувањето на јавниот ред и мир, по што согласно Законот за
прекршоци против јавниот ред и мир, до надлежниот оддел за прекршоци при Основниот суд
Скопје 1 ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапка.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
ул. „Босна и Херцеговина“
Име на Локација
автобуска постојка на ул. „Босна и Херцеговина“

Број на жртви
1
Број на сторители
5
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Две момчиња нападнати на автобуска станица (потврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност