Што се случило: На 23.12.2019 во 23.40 часот во СВР Скопје, О.Д. (37) од Скопје пријавил дека околу 22.15 часот
на улица „Филип Втори Македонски“ во ГТЦ, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две малолетни
лица. Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 23.12.2019, 22.15 часот, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: двајца (2) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.